СЛУШНИ ИМПЛАНТИ

Имплант за средното уво

Имплантите за средното уво се погодни за луѓе на кои би им користело појачување на звукот, но, од некоја причина, не можат да носат конвенционални слушни помагала. Имплантите за средното уво го оставаат слободен ушниот канал, на тој начин ги спречуваат ушните воспаленија, кои можат да се појават кај некои корисници на слушни помагала. Овој вид импланти се користат за третман на средно до големо сензоневрално оштетување на слухот, како и за третман на кондуктивно или мешовито оштетување на слухот. Се состојат од два дела: надворешен аудиопроцесор и имплант што се поставува под кожата зад увото.

НАШИ ПРЕПОРАКИ

Препораки за системи импланти за средното уво

Врз основа на искуството на нашите корисници, го препорачуваме имплантот за средното уво VIBRANT SOUNDBRIDGE на MED-EL што доаѓа заедно со најнапредниот аудиопроцесор SAMBA 2.

  • Имплантот на MED-EL за средното уво VIBRANT SOUNDBRIDGE нуди чист звук и природно слушачко искуство. Ова е овозможува со помош на неговиот единствен дизајн, што го спроведува звукот директно до внатрешното уво, со што се надминуваат проблемите во другите делови на увото.

    • Прикачувањето на една точка на имплантот ги заштитува деликатните структури на увото.

    • Модерен дизајн и удобност во носењето

    • Безбедност при снимања со магнетна резонанца до 1.5 Тесла

    За секој кандидат за слушни импланти, сигурноста и безбедноста се клучни при изборот на имплантот, тоа и го прави VIBRANT SOUNDBRIDGE повеќе од 20 години да биде најуспешниот имплант за средното уво. Стабилен е и ја остава кожата недопрена.

    Имплант VIBRANT SOUNDBRIDGE од MED-EL
  • Најновата генерација на аудиопроцесори SAMBA од MED-EL, SAMBA 2, ви нуди најмодерно и едноставно слушачко искуство прилагодувајќи се на средината во којашто сте, со што го овозможува најдоброто слушачко искусто за дадена ситуација.

    • Еден од најлесните аудиопроцесори што тежи само 9.3 g, вклучувајќи ја батеријата и магнетот

    • Прилагодувач на звук и паметна меморија што ги чува вашите индивидуални прилагодувања за слушање

    • Регулирање на заднинаската бучава и лоцирање на говорот на лицето коешто ви зборува, без оглед каде стојат

    SAMBA 2 е удобен и тенок, не стрчи и може да се носи под косата. Доаѓа во повеќе бои за да одговараат со вашата коса или облека. Постојат и додатоци, како што е SAMBA2GO, којшто ви овозможува повици hands-free, користење на далечински микрофони и радиосистеми.

ОДЛУКА ЗА ЦЕЛИОТ ЖИВОТ

Избор на вистинскиот имплант за средното уво

Постојат повеќе причини поради кои можете да го земете предвид имплантот за средното уво како можно решение за оштетување на слухот. Подолу споделуваме листа со најважните точки кои треба да ги имате на ум:

ПРЕПОРАЧАНИ СТАТИИ

Прочитајте одлични приказни
за имплантите за средното уво!