Имплантот на MED-EL за средното уво VIBRANT SOUNDBRIDGE нуди чист звук и природно слушачко искуство. Ова е овозможува со помош на неговиот единствен дизајн, што го спроведува звукот директно до внатрешното уво, со што се надминуваат проблемите во другите делови на увото.

  • Прикачувањето на една точка на имплантот ги заштитува деликатните структури на увото.

  • Модерен дизајн и удобност во носењето

  • Безбедност при снимања со магнетна резонанца до 1.5 Тесла

За секој кандидат за слушни импланти, сигурноста и безбедноста се клучни при изборот на имплантот, тоа и го прави VIBRANT SOUNDBRIDGE повеќе од 20 години да биде најуспешниот имплант за средното уво. Стабилен е и ја остава кожата недопрена.