Влијанието на добриот слух врз развојот на комуникативните способности
Освен когнитивните и емоционалните проблеми, во развојот на комуникативните способности влијае и слухот.
При секојдневните интеракции, важно е да знаете дека лицето со кое разговарате не секогаш го мисли или чувствува точно тоа што го зборува. Само знаејќи го ова, можеме да ги разбереме нијансите во социјалната интеракција и да одговориме соодветно. За способноста да ги препознаеме расположението, чувствата, желбите и намерите, како и индивидуалното ниво на знаење на другите во една дадена ситуација, зборува Tеоријата на умот [ToM].
Како и јазичната способност, ToM е комбинација на когнитивни способности кои постепено се развиваат заедно со други вештини. Меѓутоа, не се важни само когнитивните способности за овој развој, туку и вештините за слушање и комуникација. По правило, децата развиваат разбирање за ToM, слушајќи како другите зборуваат за чувствата и мислите, желбите и стравовите, претпоставките и надежите. Децата со оштетен слух ги слушаат разговорите околу себе, но честопати не многу јасно. Тоа може негативно да влијае на развојот на емпатија со чувствата и мислите на другите.
Развој на комуникативни способности
„Децата со оштетен слух честопати треба буквално да ги научиме како може да се чувствува другото лице“, објаснува американскиот научник за комуникација Аст. Проф. д-р Тифани Хачинс во нејзината публикација. „Тие честопати веруваат дека и другите знаат тоа што тие го знаат. Треба да ги научиме дека човекот го знае она што го доживеал“. Децата со оштетен слух ги развиваат овие способности за околу четири години подоцна од децата со нормален слух.
Заедно со British Ear Foundation, MED-EL воведува нови прирачници што можат да помогнат во доаѓање до последните новости поврзани со ToM во рамки на терапијата за слух и говор кај деца од предучилишна и училишна возраст: Thinking Together to Mind the Gap.
За време на вежби за слух и во секојдневниот живот
„Ајде да ја посетиме баба утре. Ќе се радува ако ја посетиме утре попладне. Мислам дека треба да направиме торта. Каква торта би сакала баба?“ Заедно со теоретските основи, Thinking Together to Mind the Gap нуди предлози како овој за да ги претстави способностите што ги развива ToM, како и секојдневни разговори[1] и во читањето[2], играњето или гледањето телевизија. Употребата на други материјали за рехабилитација на MED-EL е објаснета и во врска со ToM.
Иако првично е наменет за специјалисти, Thinking Together to Mind the Gap е информативен и за заинтересираните родители. Единствената мана е тоа што материјалите се само делумно достапни на германски јазик. Ако англискиот јазик не ви е проблем, можете да најдете детални инструкции за Lesson-Kits, што вклучува и вежби за ToM, како и линк до сите 26 лекции на англиски Lesson-Kits на блогот со објави од родители на англиски јазик https://blog.medel.com/en/. Повеќе на темата за ToM на германски јазик може да се најде на следниот блог со објави од родители https://blog.medel.com/de/rehab-at-home-was-ist-theory-of-mind/.
[1] Видете: "learn social communication“ во gehört.gelesen, издание 66
[2] Видете "Can you hear what I am thinking?“ во gehört.gelesen, издание 66.