СЛУШНИ ИМПЛАНТИ

Имплант за коскена спроводливост

Системите импланти за коскена спроводливост се имплантираат хируршки и претставуваат алтернативно решение кога слушните помагала не можат да бидат опција или не помагаат на вистински начин. Системите за коскена спроводливост се погодни за мешовито или кондуктивно оштетување на слухот со тоа што ги надминуваат проблемите на надворешното или средното уво и директно го стимулираат внатрешното уво.

Препораки за импланти
НАШИ ПРЕПОРАКИ

Препораки за импланти за коскена спроводливост

Постојат повеќе причини зошто нашите корисници ги препорачуваат системите за коскена спроводливост BONEBRIDGE на MED-EL, коишто доаѓаат во комбинација со аудиопроцесорот SAMBA 2. Дознајте повеќе за предностите на овие системи:

  • Спротивно на некои други импланти за коскена спроводливост, имплантираниот дел од MED-EL-овиот систем на импланти BONEBRIDGEцелосно се поставува под кожата, што го прави совршен за корисниците. Ова значи дека нема да имате отворени рани поради имплантот и нема да ви биде потребна посебна рутина за нега за да ја одржите кожата здрава. Удобен е за носење и лесно се сокрива под косата. Тоа што звукот го пренесува директно до коската, без да треба да поминува преку кожата, овозможува квалитетот на звукот да го има целиот фрекфентен опсег.

    • Лесно одржување на имплантот благодарение на тоа што е целосно под кожата.

    • Лесен и удобен аудиопроцесор со навлаки во различни дезени

    • Безбедност при испитувања со магнетна резонанца со јачина до 1.5 Тесла, без да е потребна дополнителна операција

    BONEBRIDGE претставува резултат на повеќегодишно искуство во производството на поткожни системи на имплнти за коскена спроводливост, првпат достапни на пазарот од MED-EL. И најважно, овозможува одличен природен квалитет на звукот и е компатибилен со идниот технолошки развој.

  • Најновата генерација на аудиопроцесори SAMBA од MED-EL, SAMBA 2, ви нуди најмодерно и едноставно слушачко искуство прилагодувајќи се на средината во којашто сте, со што го овозможува најдоброто слушачко искусто за дадена ситуација.

    • Еден од најлесните аудиопроцесори што тежи само 9.3 g, вклучувајќи ја батеријата и магнетот

    • Прилагодувач на звук и паметна меморија што ги чува вашите индивидуални прилагодувања за слушање

    • Регулирање на заднинаската бучава и лоцирање на говорот на лицето коешто ви зборува, без оглед каде стојат

    SAMBA 2 е удобен и тенок, не стрчи и може да се носи под косата. Доаѓа во повеќе бои за да одговараат со вашата коса или облека. Постојат и додатоци, како што е SAMBA2GO, којшто ви овозможува повици hands-free, користење на далечински микрофони и радиосистеми.

ОДЛУКА ЗА ЦЕЛИОТ ЖИВОТ

Избор на вистинскиот систем импланти за коскена спроводливост

Според нас, постојат одредени критериуми на кои треба да се мисли кога се одбира имплант за коскена спроводливост. Овие карактеристики му носат видливи придобивки на корисникот.

ПРЕПОРАЧАНИ СТАТИИ

Прочитајте одлични приказни
за имплантите за коскена спроводливост!

Онлајн списание