Спротивно на некои други импланти за коскена спроводливост, имплантираниот дел од MED-EL-овиот систем на импланти BONEBRIDGEцелосно се поставува под кожата, што го прави совршен за корисниците. Ова значи дека нема да имате отворени рани поради имплантот и нема да ви биде потребна посебна рутина за нега за да ја одржите кожата здрава. Удобен е за носење и лесно се сокрива под косата. Тоа што звукот го пренесува директно до коската, без да треба да поминува преку кожата, овозможува квалитетот на звукот да го има целиот фрекфентен опсег.

  • Лесно одржување на имплантот благодарение на тоа што е целосно под кожата.

  • Лесен и удобен аудиопроцесор со навлаки во различни дезени

  • Безбедност при испитувања со магнетна резонанца со јачина до 1.5 Тесла, без да е потребна дополнителна операција

BONEBRIDGE претставува резултат на повеќегодишно искуство во производството на поткожни системи на имплнти за коскена спроводливост, првпат достапни на пазарот од MED-EL. И најважно, овозможува одличен природен квалитет на звукот и е компатибилен со идниот технолошки развој.