Кохлеарен имплант и слушно помагало – интеракција

Околу половина од корисниците на кохлеарни импланти (КИ) носат слушно помагало во другото уво. За да се овозможи овие два различни системи за слушање да работат добро заедно, кохлеарниот имплант треба да репродуцира природен слух.

слушна разноликост: кохлеарен имплант и слушно помагало

Во говор на Конференцијата на американската аудиолошка организација во 2010 година, амеркинаската научничка Лиза Дејвидсон изјави дека повеќе од 50% од децата на нејзината клиника се бимодални корисници, односно користат слушно помагало во едното уво и кохлеарен имплант во другото. Во истражување од 2016 година во Хановер, беше потврдено дека голем процент на бимодални корисници има во сите возрасни групи. Помеѓу 2010 и 2015 година бројот на бимодални корисници се зголеми за речиси 40%.

Германска студија докажа дека бимодалното слушање има придобивки [1]: Придобивките во голема мера зависат од прагот на слушањето. Само ако прагот на слушање на второто уво доаѓа блиску до границата за и на тоа уво да се стави кохлеарен имплант, овие придобивки се намалуваат. Испитаниците со подобар слух на акустичната страна имаат поголеми придобивки од бимодалното слушање.

Бимодалноста бара слушното помагало и кохлеарниот имплант да бидат компатибилни еден со друг. „Многу луѓе мислат дека се работи само за стриминг“, вели Џенифер Робинсон, искусен аудиолог и проектен менаџер во MED-EL. Таа опсежно ги истражувала можностите и предизвиците на бимодалното слушање. Главни се два аспекти, објаснува таа. Имплантот треба да симулира природен слух колку што е можно подобро. И обработката на сигналот која се користи кај кохлеарниот имплант треба да биде во согласност со таа од слушното помагало.

Кохлеарен имплант и слушно помагало: илустрација на двострано слушање

Двостраното слушање овозможува поприродна и побогата сензација на слушање кај корисниците на кохлеарни импланти со еднострано оштетување на слухот, кај двострано имплантираните корисници, како и кај бимодалните корисници коишто користат слушно помагало и кохлеарен имплант.

Симулација на природен кодиран тон

Слушното помагало ги појачува звуците и како последица, тие полесно можат да се обработат со внатрешното уво. За разлика од тоа, кохлеарниот имплант директно го стимулира нервот и на тој начин ја репродуцира функцијата на внатрешното уво. Колку поблиску и поприродно е направена оваа репродукција, толку подобро слушачката сензација ќе биде поврзана со акустичното слушање од другата страна (таканаречената колатерална страна). Затоа и фреквенцијата на имплантот и временското кодирање треба да потсетуваат на природно слушање.[2]

За ова во кохлеата треба целосно да се вгради долга електрода. Електродата треба да биде долга колку што е долга кохлеата и на тој начин да го стимулира внатрешното уво на соодветните места за високи и ниски тонови. [3] Во моментов, во светски рамки, само еден производител на импланти го нуди ова: MED-EL.

Важноста на временските разлики

За да се слушнат ниските тонови по природен пат, важно е временското кодирање на звукот.[4] Тоа претставува детална временска анализа на звучниот сигнал што се прима. Рецепторните клетки во внатрешното уво го пренесуваат импулсот во точно дефиниран момент од акустичната вибрација. Денеска, ова може да го овозможи само еден систем на кохлеарни импланти на пазарот: MED-EL SYNCHRONY. Неговата прецизна кодирана структура во комбинација со долгата, атрауматска електрода, двете дел од технологијата Triformance, го репродуцира временското кодирање на природното слушање. Брзата обработка на двата системи овозможува симултано слушање во двете уши без доцнење.

Друг битен аспект на слушањето е основан на микромеханиката на внатрешното уво. Движењето на звучниот бран, што го носи звукот низ внатрешното уво, предизвикува високите фреквенции да пристигнат во врвот на кохлеата за дел од секундата побрзо од ниските фреквенции. „Ние сме единствените производители на кохлеарни импланти што го имаат на ум ова доцнење“, гордо објаснува Робинсон, повикувајќи се на [5]германска компаративна студија што ја потврдува нејзината изјава. „Со нашата стимулација многу сме блиску до природното слушање.“

Адаптирање на гласноста

Обработката на сигналот во аудиопроцесорите игра витална улога за двостраните корисници. Смеат да се користат само елементи коишто се достапни и кај слушното помагало и кај аудиопроцесорот. Аудиолозите и инженерите за кохлеарни импланти треба да го имаат ова на ум при поставувањето на уредите.

Еден многу битен елемент што го имаат двата уреди е - динамичната компресија. Целосно функционално внатрешно уво е за околу три пати посензитивно на тивки, отколку на гласни звуци. Оваа функција на кохлеата за слушање на тивките звуци прогресивно се намалува кај лицата со оштетување на слухот. Производителите на слушни помагала се обидуваат да ја компензираат оваа функција во своите уреди.

MED-EL до сега е единствениот производител којшто имплементира природно засилување во сооднос од 3:1 и со можна варијација од 2:1 до 3.5:1 во нивните аудиопроцесори. Аудиопроцесорите на MED-EL се користат со динамичен опсег близок до тој на целосно функционално внатрешно уво [6] кој е сличен на тој од модерните слушни помагала. Поради ова кохлеарните импланти на MED-EL совршено се поврзуваат со кое било конвенционално слушно помагало поставено на контралатералното уво, без да има потреба од посебно поврзување меѓу двата уреда.

Конечно, јачината на гласот треба да биде наштимана соодветно на секој од двата уреда. Студиите покажуваат дека слушното помагало, идеално би било да биде еднакво гласно или малку потивко од кохлеарниот имплант.[7]

Помошни уреди за двата система

Помошните слушни уреди треба да бидат компатибилни аудиопроцесорот и со слушното помагало. Индукциските спроводници се погодни за слушните помагала и за аудиопроцесорите со индукциски излези. На корисниците им овозможуваат независност од производителите на слушни помагала и импланти.

За бимодалните корисници, достапни се многу универзални помошни уреди и комуникациски системи, како тие од Oticon или од Phonak, преку коишто се пренесува звук со помош на Bluetooth. Системот Roger на Phonak овозможува индукциски, но и директен приклучок за аудиопроцесори и слушни помагала.

Да учиме од Пепелашка

Научивме нешто многу важно од Пепелашка. Ако сакаш да имаш нов чевел, не го отсекувај ножниот прст, бидејќи чевелот пак ќе ти биде мал. За бимодалните корисници ова значи дека ако го избереш и наместиш слушното помагало според контралатералниот аудиопроцесор, постои голема можност дел од слушниот потенцијал на увото со слушното помагало да биде изгубен.

Вид, функција, подесување - постојат безброј варијанти на слушни помагала што го отежнува процесот на наоѓање на идеалниот уред којшто совршено ќе одговори на вашата состојба. Кандидатите за кохлеарни импланти често имаат долгогодишно искуство со слушно помагало и се задоволни со оној уред што одговорил на нивните индивидуални потреби. Промената може да доведе до долги периоди на повторно приспособување, а многу често тоа доаѓа и со значителни трошоци. Затоа од особено значење е да комбинирате слушно помагало што оптимално ви одговара, со кохлеарен инплант што користи кодирање по принципите на природните звуци. Тоа е филозофијата на MED-EL.

Кохлеарен имплант којшто оптимално ќе ви одговара, комбиниран со слушно помагала од кој било бренд, за да се обезбеди долготраен успех во слушањето. Така овој кохлеарен имплант ќе ја постави основата, за успехот во слушањето да продолжи дури и кога контралатералното слушање се влошува и се размислува за втор кохлеарен имплант. [8] Аудиологот Џенифер Робинсон посочува: „Доколку има индикација за кохлеарен имплант во двете уши, двостраната кохлеарна имплантација, секако, е најдобриот избор.“


[1] Hoppe U., Hocke T., Digeser F. (2018) Bimodal benefit of cochlear implant listeners with different grades of hearing loss in the opposite ear, Acta Oto-Laryngologica, 138:8, 713-721, DOI: 10.1080/00016489.2018.1444281

[2] Wess JM, Brungart DS, Bernstein JGW (2017 May/Jun) The Effect of Interaural Mismatches on Contralateral Unmasking With Single-Sided Vocoders, Ear & Hearing, 38(3)374-486. Doi: 10.1097/AUD.0000000000000374

[3] Buchman C.A., Dillon M.T., King E.R., Adunka M.C., Adunka O.F. (2014) Pillsbury H.C., Influence of Cochlear Implant Insertion Depth on Performance: A Prospective Randomized Trial, Otology&Neurotology 35:1773-1779

[4] Rader, T., Döge, J., Adel, Y., Weissgerber, T., & Baumann, U. (2016). Стимулација во зависност од местото ги подобрува стапките на перцепција на тоновите кај корисниците на кохлеарни импланти со еднострано оштетување на слухот. Hear Res., 339, 94–103.

[5] Zirn S., Angermeier J., Arndt S., Aschendorff A, Wesarg T., 2019, Reducing the Device Delay Mismatch Can Improve Sound Localization in Bimomdal Cochlear Implant/Hearing-Aid Users, Trends in Hearing Volume 23: 1-13, DOI: 10.1177/2331216519843876, journals.sagepub.com/home/tia

[6] Plack CJ, Oxenham AJ (2000) Basilar-membrane nonlinearity estimated by pulsation threshold, J. Acousti. Soc. Am. 1063-7834/2000/107(1)
Vaerenberg B. et al, 2014, A Uniform Graphical Representation of Intensity Coding In Current-Generation Cochlear Implant Systems, Ear Hear 2014 Sep-Oct;35(5):533-43. Doi: 10.1097/AUD.0000000000000039.

[7] Dorman M.F., Loizou P., Wang S., Zhang T., Spahr T., Loiselle L., Cook S., Bimodal cochlear implants: The role of acoustic signal level in determining speech perception benefit, Audiol Neurootol. 2014; 19(4): 234-238, doi: 10.1159/000360070

[8] Gifford R.H., Driscoll C.L.W., Davis T.J., Fiebig P., Micco A., Dorman M.F., A within-subjects comparison of bimodal hearing, bilateral cochlear implantation, and bilateral cochlear implantation with bilateral hearing preservation: High-performing patients, Otol Neurotol. 2015 Sep; 36(8): 1331-1337. Doi: 10.1097/MAO.0000000000000804;

Gifford, R. and Dorman, M. (2018) Bimodal Hearing or Bilateral cochlear Implants? Ask the Patient” Ear Hear 2019 May/Jun;40(3):501-516. Doi: 10.1097/AUD.0000000000000657