Слушање и оштетување на слухот

Осетот за слух многумина од нас го земаат здраво за готово. Уживаме во црцорот на птиците, омилената музика или во детската смеа, без да размислуваме многу што се крие зад тоа. Меѓутоа, слушањето вклучува исклучителни процеси кои му овозможуваат на сигналот да стигне до нашиот мозок!

Прочитајте повеќе за оштетувањето на слухот

Слушањето нè поврзува со нештата што ги сакаме!

Нашите уши се постојано активни, дури и кога спиеме! Тие се мало анатомско чудо и се состојат од надворешно, средно и внатрешно уво и од аудитивен нерв што ги пренесува сигналите до мозокот. Дознајте повеќе за тоа како сигналот патува низ ушите!

Имате проблем со слухот?
НАДМИНЕТЕ ГО ОШТЕТУВАЊЕТО НА СЛУХОТ

Оштетувањето на слухот не е крај на светот,
секогаш постои решение!

Решенија за слухот

Вид оштетување на слухот

Сензоневрално оштетување на слухот

Сензоневралното оштетување на слухот значи дека или има оштетување на рецепторните клетки или недостигаат. Рецепторните клетки ги претвораат акустичните сигнали во електрични што му се потребни на мозокот за правилно да го разбере звукот. Рецепторните клетки можат да бидат оштетени од голема бучава, наследно, поради повреда на главата, стареење или од различни други фактори од околината.

  • Ова е најчестион вид трајно оштетување на слухоти е предизвикано од проблем во внатрешното уво!

Најдете решенија за слух

Вид оштетување на слухот

Кондуктивно оштетување на слухот

Овој вид оштетување на слухот се дијагностицира кога проблем во надворешното или средното уво го оневозможува звукот да се пренесе во внатрешното уво. Кондуктивното оштетување на слухот може да е предизвикано од инфекција, дупнато тапанче, деформации на увото итн. Ако проблемот е времен, може да се реши со лекови или операција. Кога лековите или операцијата не можат да го решат проблемот, постојат решенија за слух кои можат да помогнат!

  • Кога внатрешното уво е недопрено и добро функционира, а проблемот што го сопира патот на звукот се наоѓа во во надворешното или средното уво!

Најдете решенија за слух

Вид оштетување на слухот

Комбинирано оштетување на слухот

Овој тип оштетување на слухот претставува комбинацијата на кондуктивно и сензоневрално оштетување на слухот, ова значи дека постои проблем со внатрешното уво во комбинација со средното или надворешното уво. Комбинирано оштетување на слухот може да биде предизвикано од различн ифактори, како што е холестеатом или други тумори, повреда итн.

  • Ова оштетување на слухот е комбинација од сензоневрално и кондуктивно оштетување и неговиот третман се адаптира според индивидуалните потреби!

Најдете решенија за слух

Вид оштетување на слухот

Неврално оштетување на слухот

Кога оштетување на аудитивниот нерв или целосното отсуство на аудитивен нерв го спречува сигналот да стигне до мозокот, тоа се нарекува неврално оштетување на слухот. За среќа, мозочностеблените импланти денес можат успешно да го решат овој проблем!

  • Каков било проблем или оштетување на аудитивниот нерв може да го предизвика овој вид оштетување на слухот!

Најдете решенија за слух
ПРЕПОЗНАЈТЕ ГИ РАНИТЕ ЗНАЦИ

Знаци на оштетување на слухот

Важно е да ги препознаете раните знаци на оштетување на слухот и да реагирате соодветно, бидејќи слушањето најчесто не дозволува одложување. Секој момент во животот е вреден да се слушне!

Оштетување на слухот кај децата
hearing loss - older
Оштетување на слухот кај возрасните