СЛУШНИ СИСТЕМИ

Системи за коскена спроводливост

Системите за коскена спроводливост не подразбираат имплантација и се користат за третман на мало кондуктивно оштетување на слухот, при кое звукот не се пренесува до внатрешното уво. Се носат зад увото на зоната каде што нема коса. Системите за коскена спроводливост се едноставно и ефективно решение за овој вид оштетување на слухот и за нив не е потребна операција!

Препораки за имплант
НАШИ ПРЕПОРАКИ

Препораки за систем на коскена спроводливост

Го препорачуваме системот за коскена спроводливост ADHEAR на MED-EL, којшто користи најмодерна технологија и не се поставува со операција!

  • Системот ADHEAR на MED-EL е единствениот систем за коскена спроводливост без имплантирање. Не прави притисок на кожата и е удобен за носење преку целиот ден. Составен е од два дела: самолеплив адаптер и аудиопроцесор. Се лепи зад увото и лесно се вклучува со само еден клик. ADHEAR е можно решение и за мали деца што чекаат да бидат имплантирани со имлант за коскена спроводливост, како и за пациенти што страдаат од времено кондуктивно оштетување на слухот кое може да биде поврзано, на пример, со чести воспаленија на средното уво.

    • Не е потребна операција

    • Овозможува оптимален квалитет на звукот и е погоден сите возрасти, вклучувајќи бебиња и мали деца

    • Многу удобен за носење и лесно се сокрива под косата

    • Долготрајна батерија до 300 часови

    Бидејќи овие системи не се имплантираат, може веднаш по поставувањето на уредот да почнат со користење. Тоа значи дека можете прво да го пробате пред да донесете одлука дали ќе го користите овој систем.

    ADHEAR
ПРЕПОРАЧАНИ СТАТИИ

Прочитајте одлични приказни
за системите за коскена спроводливост!

Онлајн списание