СЛУШНИ ИМПЛАНТИ

Кохлеарен имплант

Кохлеарните импланти се слушни системи коишто се поставуваат хируршки и се дизајнирани за луѓето што имаат од големо до тешко сензоневрално оштетување на слухот. Кохлеарните импланти им овозможуваат на луѓето да го надминат оштетувањето на слухот поврзано со проблеми со внатрешното уво, со тоа што ја преземаат улогата на нивните рецепторни клетки и успешно го пренесуваат сигналот до мозокот. Кохлеарните импланти се состојат од два дела: имлант и аудиопроцесор што се носи надворешно. Носењето на кохлеарен имплант нуди можност да се надмине оштетувањето на слухот!

Препораки за импланти
НАШИ ПРЕПОРАКИ

Препораки за системи на кохлеарни импланти

Врз основа на искуствата од прва рака коишто членовите на заедницата на австриски кохлеарни импланти (Cochlear Implants Austria – CIA) ги споделуваат меѓусебно, како и врз основа на стручното мислење на претседателот на здружението, ги препорачуваме кохлеарните импланти SYNCHRONY на MED-EL. Овој вид кохлеарни импланти може да се комбинира со два различни аудиопроцрсори: едноделниот процесор RONDO 3 или задушниот процесор SONNET 2. За двата можете да прочитате подолу.

  • Кохлеарните импланти SYNCHRONY од MED-EL покажуваат одлични перформанси и сигурност и членовите на CIA едноставно ги обожаваат. SYNCHRONY се разликува од останатите системи поради природното искуство на слушање што го овозможува и поради атрауматските електродни низи што се прилагодени за секој корисник за да му го понудат идеалното индивидуално решение.

    • Најприродно слушачко искуство благодарение на иновативна технологија

    • Прилагодување на идните развојни решенија

    • Безбедност при снимања со магнетна резонанца до 3.0 Тесла

    За кандидатите за кохлеарни импланти, сигурноста и безбедноста се клучен критериум при изборот на имплантот, со оглед на тоа што имплантот е дел од слушниот систем што ќе биде вграден во телото на пациентот со години. Имплантите на MED-EL се произведуваат во Инсбрук, Австрија, веќе 30 години и се усогласени со настрогите стандарди на проверка на квалитет.

    Кохлеарен имплант Synchrony
  • RONDO 3 е едноделен аудиопроцесор на MED-ELкој се управува целосно безжично и едноставно. Овој модерен аудиопроцесор овозможува одличен квалитет на звукот, нуди можности за следење музичка програма и телефонски повици, како и безжично полнење.

    • Модерен дизајн со повеќе од 30 различни дезени

    • Компатибилност со сите кохлеарни импланти на MED-EL направени од 1994 до денес, како и со сите модели на контралатерални слушни помагала.

    • Регулирање на заднинската бучава

    Уживајте во удобноста и едноставноста на секојдневното слушање со овој аудиопроцесор! Се адаптира на звучната средина во којашто се наоѓате, со тоа е идеален за секоја ситуација.

    RONDO 3
  • SONNET 2 е најновиот задушен аудиопроцесор на MED-EL. Обезбедува одличен квалитет на звукот и се приспособува на индивидуалните барања на корисниците, со што е совршен избор и за децата и за возрасните.

    • Автоматски се прилагодува во однос на средината во којашто корисникот моментално се наоѓа

    • Намалување на заднинската бучава и на секој неочекуван гласен звук

    • Употребува посебна технологија за секој звук да биде во природен облик

    • Компатибилност со сите кохлеарни импланти на MED-EL, од 1994 до сега, и со сите модели на контралатерални слушни помагала

    Приспособувањата како јачина на звукот и промена на програма, кај SONNET 2 можат да се прилагодатат директно од вашиот паметен телефон. Аудиопроцесорот има многу различни дизајнерски решенија за да се прилагоди на вашата боја на коса и вкус, а може да се комбинира со различни додатоци како заштита од вода при пливање и додатоци за слушање музика.

    SONNET 2
ОДЛУКА ЗА ЦЕЛ ЖИВОТ

Одбирање на вистинскиот систем на кохлеарни импланти

Постојат неколку критериуми кои треба да се земат предвид кога ги избирате вашите кохлеарни импланти, како на пример искуство на природен слух, зачувување на остатоците од слухот, сигурност и компатибилност со медицински прегледи. Подолу можете да ја погледнете листата на важни критериуми за избор.

ПРЕПОРАЧАНИ СТАТИИ

Прочитајте одлични приказни
за кохлеарни имланти!

Онлајн списание