Слободата што ја нуди аудиоемитувањето директно до аудиопроцесорот на вашиот кохлеарен имплант!
Сите корисници на SONNET ќе можат да следат безжично емитувана програма почнувајќи од крајот на 2020 година – без други додатоци. Тоа е овозможено со специјален дел во одделот за батерија: AudioStream.
Новиот AudioStream за прв пат беше најавен преку социјалните медиуми на 14 септември. AudioStream е новиот додаток за емитување програма за SONNET и SONNET 2. Подолг е само шест милиметри од стандардната кутија за батеријата, па е додаден над кутијата за батерија. По инсталација со аудиопроцесорот, корисниците на AudioStreamSONNET или SONNET 2 ќе можат безжично да проследуваат програма до аудиопроцесорот преку Bluetooth LE пуштена од нивниот паметен телефон или таблет што се компатибилни со него - без други додатоци и специјални апликации.
AudioStream е компатибилен со сите уреди со оперативен систем iOS 11 или Android 10 - ова ги вклучува тековните телефони iPhone, Google Pixel или Samsung Galaxy, како и различни видови таблети и последната генерација на iPod touch. MED-EL прави листа на компатибилни уреди достапна на medel.com која што постојано се ажурира.
Бежично емитувана програма без дополнителни уреди
Евелин Џакс е меѓу првите што го пробале AudioStream. „Со Короната, морав да се јавам на мобилен пред да ја однесам или земам ќерка ми од градинка“. Бучавата од автомобилите и децата што играа пред градинката, ѝ го отежнуваа тоа. „Со AudioStream можам да се јавам без ников проблем. Од голема помош ми е и дома кога телефонирам или слушам поткасти. Тоа ми дава слобода!“ И другите корисници го искажуваат своето задоволство: „Многу лесно за употреба, конекцијата функционира одлично“, „AudioStream е мал и совршено се вклопува зад увото. Тоа е идеално за луѓе на коишто им е битна естетиката“, или „Слушањето музика е задоволство со него!“
Телефонирајте безжично; слушајте музика на iPod, на Spotify или на iTunes; уживајте во поткасти или аудиокниги; релаксирајте се со филм на Netflix или Amazon Prime на таблетот - сето тоа може да се емитува на еден или на двата аудиопроцесори, по ваша желба.
AudioStream е корисен и за на пат кога возачот треба да внимава и да се концентрира на сообраќајот, но сепак сака јасно да ги разбере упатствата од навигаторот, опуштено и безжично.
Што дозволува протоколот
Bluetooth Low Energy отвора сосема нови можности за корисниците, но не е интегриран со сите уреди во нашиот секојдневен живот. AudioStream е погоден за сè што сакате да слушате на вашите компатибилни телефони и таблети, но на пример, не ја поддржува конвенционалната паметна телевизија, која користи само Bluetooth Classic. „Bluetooth Low Energy и Bluetooth Classic се како два различни јазици, како германски и англиски“, објаснува Даниела Плацер, одговорната менаџерка за производи на AudioStream. „Ако не го научиле јазикот на другиот, за жал, тие не можат да се разберат“. Ова е ограничување што природно важи за сите аудиопроцесори и слушни помагала кои поддржуваат директно емитување - без оглед на брендот или производителот.
И покрај тоа, корисниците на паметни телефони со iOS со AudioStream можат да остварат уште една функција. Во програмата “Listen live“, телефонот многу едноставно станува рачен микрофон и така секогаш е подготвен во случај неочекувано да се појави потреба од комуникација во тешки услови за слушање.
Совршен подарок за Божиќ!
Безжичниот пренос преку индукциски спроводник како докажано функционална и важна можност ќе биде достапен за идните аудиопроцесори на MED-EL, како и за Roger 21 за радиоапликациите со SONNET or SONNET 2. И двете можности се добро решение и за бимодалните корисници - со кохлеарен имплант од една страна и слушно помагало од друга страна. А AudioLink останува додаток по избор за сите функции да ви бидат достапни на еден уред, вклучувајќи и приклучување на ТВ или стерео уред на SONNET и SONNET 2.
За апликации на паметни телефони, таблети и iPods, минијатурниот AudioStream е нов идеален додаток, којшто дополнително заштедува енергија и пари. Корисниците на SONNET or SONNET 2 можат да го купат и користат AudioStream во секое време. Идеален божиќен подарок за корисниците на кохлеарните импланти на MED-EL кои ги добиле своите задушни процесори во последните шест години!