Тимот на платформата „Слушајте целиот живот“
Слушајте целиот живот е платформа за слухот и за оштетувањето на слухот создадена од тимот на CIA – Cochlear Implant Austria (Кохлеарни импланти Австрија). Нашата цел е да ви ги дадеме вистинските информации за оштетувањата на слухот и решенијата за слух, да споделиме корисни совети од нашето професионално искуство, како и да слушнеме приказни од други корисници!
Да го слушнеме светот заедно!
Управен одбор на асоцијацијата
Срцето на
тимот на CIA!
Претседател
Моето долгогодишно искуство како хирург и моите бројни контакти со пациентите и со клиниките секаде во светот ми помагаат во извршување на моите обврски како претседател на асоцијацијата.
Карл-Хајнц Фукс
Извршен директор
Мојата посветеност кон луѓето со оштетувања на слухот е мојот начин да се оддолжам за враќањето на мојот слух по 20 години тишина!
Јохан Хорак
Претседавач и основач на асоцијацијата
Преку моето искуство, им помагам на луѓето со оштетување на слухот повеќе од 30 години и ги водам на нивниот пат кон слушањето.
Хилде Ренер
Благајник
Мојата ќерка и нејзиното оштетување на слухот ме донесе до CIA! Ни се допаѓа тука и сакам да се најдам на луѓето на коишто им е потребен совет!
Михаел Волраб
Секретар
Оваа платформа е создадена да пренесе релевантни информации за тековниот развој на слушните системи импланти и да овозможи размена на идеи меѓу засегнатите со овој проблем.
Работиме заедно за иднина полна звуци!
Најдобрата онлајн платформа за слух
Нашата цел е да ви обезбедиме совети за слухот, како и да ја создадеме најдобрата меѓународна платформа за слухот каде што корисниците и оние што тек ќе добијат кохлеарни импланти ќе можат да го споделат и да го разменат своето искуство! Благодарение на нашите истражувања и лични искуства, ја имаме можноста да објавиме квалитетни истражувања и корисни статии за вас.
Сонуваме за иднина на слушање!
Сакаме да овозможиме можност и пристап до слухот за сите луѓе, за таа цел ви претставуваме различни решенија за слух за различни видови проблеми со слухот! Уживајте во светот на звуците и повторно слушнете го животот!