ОШТЕТУВАЊЕ НА СЛУХОТ

Оштетување на слухот кај повозрасните луѓе

Ризикот од оштетување на слухот општо земено се зголемува со возраста и, според податоци на Светската здравствена организација, со овој проблем се засегнати повеќе од 25% од луѓето над 60 години. Може да биде постепено или ненадејно, на едното или на двете уши. Presbycusis (презбикузија – старечка наглувост) значи губење на слухот поврзано со стареењето и најчесто е вид на сензоневрално губење на слухот. Го предизвикуваат многу различни фактори, како на пример: хронични болести, пушење, генетски предисипозиции, чести воспаленија, алкохол, повреди итн. Иако не е животозагрозувачка состојба, оштетувањето на слухот значајно влијае на човековиот квалитет на живот, предизвикувајќи многу други проблеми.

Најдете соодветни решенија за слух
ЗНАЦИ НА ОШТЕТУВАЊЕ НА СЛУХОТ

Како да откриете оштетување на слухот кај возрасни

Важно е оштетувањето на слухот навреме да се препознае и да се дејствува пред да состојбата да се влоши, бидејќи оштетувањето на слухот значајно влијае на квалитетот на живот и бидејќи може да доведе до други дополнителни проблеми, како што се депресија и деменција. Доколку забележите знаци на оштетување на слухот или проблеми со слухот коишто влијаат на вашиот секојдневен живот, советувајте се со специјалист оториноларинголог. Погледнете ја листата на симтоми на оштетување на слухот:

Знаци на оштетување на слухот кај повозрасни луѓе

Како да го спречите оштетувањето на слухот?

Оштетувањето на слухот не е крај на светот – проверете ги достапните решенија за слух!

На возрасните со оштетување на слухот може успешно да им се помогне со модерни решенија за слух: слушни помагала и слушни импланти. Во зависност од степенот и видот на оштетување на слухот, идеалното решение е секогаш индивидуално. На нашата платформа можете да ги погледнете различните можности за третман на оштетувањето на слухот.

Решенија за слухот
ПРЕПОРАЧАНИ СТАТИИ

Прочитајте одлични приказни
за корисници на слушни импланти!

Онлајн списание