Системот ADHEAR на MED-EL е единствениот систем за коскена спроводливост без имплантирање. Не прави притисок на кожата и е удобен за носење преку целиот ден. Составен е од два дела: самолеплив адаптер и аудиопроцесор. Се лепи зад увото и лесно се вклучува со само еден клик. ADHEAR е можно решение и за мали деца што чекаат да бидат имплантирани со имлант за коскена спроводливост, како и за пациенти што страдаат од времено кондуктивно оштетување на слухот кое може да биде поврзано, на пример, со чести воспаленија на средното уво.
Бидејќи овие системи не се имплантираат, може веднаш по поставувањето на уредот да почнат со користење. Тоа значи дека можете прво да го пробате пред да донесете одлука дали ќе го користите овој систем.